Груевски на пуштањето во употреба на фабриката „Маркарт“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, ќе присуствува на пуштање во употреба на фабрика на германската компанија „Маркарт“, индустриска зона Караслари, општина Велес.

Според најавите, во новата фабрика се планира да се вработат околу 600 лица. „Маркарт“ е првата поголема странска инвестиција во Велес, која тежи 35 милиони евра.

Македонија е 11-та земја во која се шири бизнисот на семејството „Маркарт“. Со годишен обрт од 700 милиони евра, компанијата која има фабрики во 13 земји спаѓа во групата на брзо- растечки.

Првичните контакти со компанијата остварени во 2008-мата година

На свеченото отварање, покрај премиерот Груевски, ќе присуствуваат министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и претставниците на мултинационалната германска компанија „Маркарт„ предводени од сопствениците на Компанијата.

Како што информираат од Кабинетот на министерот Самак првичните контакти со германската компанија „Маркарт„ ги оставари Министерот Самак во септември 2008-ма година во екот на финансиската криза.

После 4 години работа на анализи, посети и преговори, низ интензивна конкуреција со земји од соседството, компанијата донесе одлука за инвестирање во Република Македонија во март 2013-та година. Ваквата одлука беше донесена во услови на силна конкуренција од една соседна земја, а како резултат на севкупните напори да се обезбедат нови работни места во Велес.

„Маркарт„ ќе инвестира 35 милиони евра

Според деловниот план, „Маркарт„ ќе инвестира 35 милиони евра во првите пет години, кои може да достигнат и до 50 милиони евра во наредниот период споредено со нивните искуства во други земји.

Во фабриката веќе работат 120 луѓе и капацитетот од 600 вработени ќе биде пополнет за неполни 2 години од денес.

Самак: „Маркарт„ ќе инвестира 35 милиони евра
Самак: „Маркарт„ ќе инвестира 35 милиони евра

Со тоа, компанијата секоја година ќе извезува од Македонија софистицирани автомобилски продукти вредни над 70 милиони евра. Оптимизмот на фирмата е таков што со просторот кој го има обезбедено планира трократно зголемување на капацитетот во наредните 5-8 години. Ова ќе го направи “Маркарт„ стратешки инвеститор во Велес со потенцијал за 1.000 до 2.000 вработени.

Многу сме горди што имаме вакво модерно производство во Велес, особено што истото вклучува повеќе различни линии со високи технологии кои бараат врвно ниво на знаење. Фабриката на Маркардт е една од низата фабрики донесени со огромни напори кои во наредните години ќе го освежуваат индустриското знаење низ Македонија и ќе овозможат модерна иднина за граѓаните, истакна министерот Веле Самак.

Групацијата „Маркардт„ е основана во 1925 година и е лидер во производство на електромеханички и електронски додатоци за автомобили и автомобилски системи, електрични апарати за домашни уреди, и многу други индустриски примени. Компанијата ја има зајакнато својата пазарна позиција во 2015 година станувајќи главен глобален иноватор со свои производни фабрики во Европа, Африка, Азија и Америка вработувајќи над 6.500 луѓе и годишен обрт од над 700 милиони Евра.