Груевски на отварање на фабриката „Техникал текстајлс“ во Штип

Груевски на средба сосопстевникот на германската компанија „Техникал текстајлс“, Јенс Вендланд

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на отворање на фабриката на германската компанија „Техникал Текстајлс“ во Tехнолошко индустриската развојна зона – Штип.

Во април „Техникал текстајлс“ го потпиша договорот за реализација на инвестицијата

Договорот за реализација на инвестицијата беше потпишан во април годинава од страна на директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо и сопстевникот на германската компанија „Техникал текстајлс“, Јенс Вендланд.

Во април „Техникал текстајлс“ го потпиша договорот за реализација на инвестицијата
Во април „Техникал текстајлс“ го потпиша договорот за реализација на инвестицијата

Планиравме првично инвестицијата да биде во Абу Даби, меѓутоа кога ги видовме условите во Македонија, го променивме мислењето затоа што тука работите се одвиваат многу брзо. Во Абу Даби за реализација на инвестицијата ни беа потребни 2 години, тука во Македонија од првиот состанок до сега нема поминато една година, што е многу добро време, рече Вендланд.

Тој најави дека  доколку се оди според очекувањата, има можност за една година да биде отворено ново производство за алуминиум и пластика.

Директорот на дирекцијата за ТИРЗ Мизо посочи дека целата инвестиција се реализира за една година, односно дека инвестицијата е официјализирана во мај минатата година и оти за една година ќе има функционална фабрика која ќе произведува и извезува.

Фабриката ќе се простира на 13.000 метри квадратни и ќе се произведува производ кој сега се прави во нивната фабрика во Словечка, а имаат и одредени операции во Кина и Обединетите Арапски Емирати.

„Техникал текстајлс“ изработува широка палета производи од стаклена волна

„Техникал текстајлс“ е компанија која изработува широка палета на производи од стаклена волна. Нивните производи во главно се за потребите на градежништвото, во изработката на фасадните системи (во внатрешноста и во надворешноста од објектите). Производите се наменети за индустријата (автомобилската индустрија, изработувачите на профили и бродоградежништвото).

„Техникал текстајлс“ изработува широка палета производи од стаклена волна
„Техникал текстајлс“ изработува широка палета производи од стаклена волна

Станува збор за производи од стаклена волна со највисок квалитет.

Во 2002-та компанијата „Техникал текстаил“ отпочна нова производствена програма за композитна и пластична поддршка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.