Груевски: Фокусирани сме на макроекономската стабилност

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска присуствуваше и се обрати на Виенскиот економски форум, кој е еден од најреномираните и најеминентни политичко економски настани кои што се одржуваат на европскиот континент. 

gruevski_forum_2На овогодишниот настан покрај македонскиот премиер присуствуваат и претседателот на Република Австрија Хајнц Фишер, австрискиот премиер Вернер Фајман, албанскиот премиер Еди Рама, црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, вицепремиерот на Бугарија Томислав Дончев, претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сума Чакрабарти и поголем број на други значајни лица од други европски земји или мултилатерални организации.

Премиерот Груевски во своето обраќање ја истакна значајноста на самиот форум посочувајќи дека ваквите настани помагаат во креирање на заеднички политики и проекти кои што ќе водат кон економско или политичко интегрирање на земјите од Југоисточна Европа во Европската Унија. Премиерот Груевски во своето обраќање се осврна и на чекорите кои што Република Македонија ги презема на полето на економијата и резултатите од нив.

gruevski_forum_3-Земјата има добар економски прогрес, лани завршивме со трет најдобар раст на БДП во Европа. Во првите 6 месеци од 2014 година имаме втор најголем раст од 4.1% на БДП. Фокусирани сме на макроекономската стабилност, државниот долг е ниско умерен и изнесува околу 40%. Фокусирани сме и кон капиталните инвестиции во инфраструктурата. Во моментот градиме три автопати и пруга кон Бугарија и она што е значајно за инвеститорите, покрај ангажираната работна сила која Македонија ја поседува, е тоа што имаме најниски трошоци за правење на бизнис во Европа, изјави премиерот Груевски.

Албанскиот премиер Еди Рама во своето излагање ги истакна залагањата кои што ги имаат сите земји од Западниот Балкан за остварување на економски реформи.

gruevski_forum_4-Практично во секоја земја има строга посветеност и големи напори за реформи, и како резултат на реформите и промените и како резултат на владиниот пристап кон подобрување на бизнис климата Албанија направи значителен скок во рок од една година на листата на Дуинг Бизнис од 40 места,  а  историските податоци покажуваат дека и Македонија постигнува значаен напредок на листата на Дуинг Бизнис”, истакна албанскиот премиер Еди Рама.

На отворањето на Виенскиот економски форум австрискиот претседател Хајнц Фишер ја истакна посветеноста на Република Австрија за овозможување на поддршка за економската и политичката интеграција на регионот на Југоисточна Европа во Европската Унија.

-Ние ја поддржуваме европската перспектива на сите земји од регионот на Југоисточна Европа, но не само политички туку поддржуваме и економски развој и проекти од инфраструктурата во регионот и тоа е исто така потребно за поголема интеграција и на политичко и на економско ниво, изјави австрискиот претседател Фишер.

Обраќање на форумот имаше и црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ кој што истакна дека заложбите кои ги преземаат земјите од Западен Балкан за овозможување на напредок треба да бидат поддржани од страна на Европската Унија.

-Важно е Европската Унија да креира една поширока инвестициска рамка од онаа која што е постоечка и која што ќе помогне да се развие интегративната иднина на Западниот Балкан во Европската Унија, истакна црногорскиот премиер Ѓукановиќ.

Во текот на денот, премиерот Груевски ќе учествува на состанокот на Централно – европската иницијатива каде што Република Македонија ќе го превземе претседавањето со иницијативата за 2015 година од досегашниот претседавач Република Австрија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.