сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 56

Груевски: Мислите и молитивите на македонските граѓани се со францускиот народ

gruevski-kje-se-sretne-so-kozijas copy

Поврзани вести

Мислите и молитивите на македонските граѓани се со францускиот народ. Република Македонија остро ги осудува и се спротивставува на секаков вид на терористички напади и стои рамо до рамо со Франција и со нашите сојузници во борбата против тероризмот, со кој сите се соочуваме.

Ова меѓу другото се посочува во телеграмата со сочувство што денес премиерот Никола Груевски ја упати до претседателот на владата на Франција, Мануел Валс.

Интегрален текст од телеграмата на премиерот Груевски:

Ваша Eкселенцијо,

Со згрозеност ја примив веста за терористичките напади на Париз, во кои животот го загубија голем број на лица и каде има голем број на повредени.

Во овие тешки мигови на тага на пријателскиот француски народ, дозволете ми да изразам сочувство на семејствата на жртвите на овој варварски и антицивилизациски чин, а на повредените да им посакам брзо закрепнување.

Мислите и молитивите на македонските граѓани се со францускиот народ.

Република Македонија остро ги осудува и се спротивставува на секаков вид на терористички напади и стои рамо до рамо со Франција и со нашите сојузници во борбата против тероризмот, со кој сите се соочуваме.

Нападите во Париз се напади врз целото човештво, врз мирот и слободата и врз принципите и вредностите кои ги живееме. Тероризмот не смее и нема да победи.

Потребни се заедништво, солидарност и одлучност во напорите за елиминирање на оние сили кои шират терор и насилство и кои се закана за секоја држава.

Во овие тешки мигови, уште еднаш примете ги изразите на моето искрено сочувство.

Најчитани вести