Груевски: Германски „ВИГ“ ќе инвестира во ТИРЗ Прилеп и ќе донесе 1.000 вработувања

„виг“

-Се работи за глобална компанија која ќе изработува апарати за домаќинството и која веќе има производствени погони во Кина и Индонезија, а погонот кој ќе го отворат во Македонија ќе произведува апарати кои ќе се извезуваат на европскиот пазар. Планот е да започне да се гради фабриката во првото тромесечие од наредната година на 10 000 квадратни метри и да биде готова до крајот на идната година кога ќе почне производството. Она што е исклучително важно е што во првата фаза планираат 1000 вработувања, но имаат стратегија за понатамошно развивање на фабриката. Бил Павлески работеше подолго време на оваа инвестиција, а исто така од голема помош беше и ангажманот на Владимир Пешевски во привлекувањето на оваа компанија. Вака се сака Македонија. Ние силно продолжуваме со привлекувањето на нови инвестиции и отворањето на нови работни места. И покрај се’ што и се случи на Македонија во изминатиот период, време на политичка криза, уцени, деструкција и конфликтност наметнувана од опозицијата, наш основен приоритет е стандардот на граѓаните и решавање на проблемите. Ние не застануваме тука. Нашата цел е да ја намалиме стапката на невработеност на ниво помеѓу 17 и 18%. Тоа значи дека во следните четири години ќе се креираат околу 70.000 нови работни места! Тоа е нашиот придонес за развиена, просперитетна, економски напредна и стабилна Македонија, држава на можности и успeшна иднина!, напиша Груевски.