Груевски ги посети населбите Камник и Црешево

Освен улиците кои беа оштетени од невремето, се асфалтираат и многу други за кои проценивме дека има потреба, напиша на својот фејсбук во петокот лидрот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груески откако ги посети населбите Камник и Црешово во скопската општина Гази Баба.

„Го посетив населеното место Црешево, општина Гази Баба. Ова место беше едно од погодените во минатогодишното големо невреме. Таму се асфалтирани пристапните патишта, исто како и во останатите населени места кои беа погодени од невремето“, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешната посета на Гази Баба.

„Од планираните патишта се асфалтирани околу 75 до 80% и ова ќе продолжи се до конечно завршување на работите. Ветивме и остваруваме. Освен улиците кои беа оштетени од невремето се асфалтираат и многу други за кои проценивме дека има потреба“, напиша Груевски.

Груевски, исто така, порача дека е реализирано уште едно барање на граѓаните во Камник асфалтирани улици во должина од 3000 метри

„Ја посетив населбата Камник во општина Гази Баба. Таму се асфалтираа улици во должина од 3000 метри, во вкупна вредност од речиси 21 милион денари“, напиша Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

„Ова беше барање на граѓаните и тоа сега е реализирано. Уште еден проект остварен за граѓаните“, додава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.