Груевски: Го исполнуваме ветеното – целосно и навремено исплаќање на субвенциите

За лозарството досега се исплатени речиси 400 милиони денари, а од утре почнува исплатата на дополнителни 150 милиони денари, најави денеска премиерот Никола Груевски одговорајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на локалниот пат меѓу селата Страгово и Крњево.

Груевски нагласи дека најголем дел од овие средства се за лозарите во кавадaрeчкиот регион.

– Се работи за остварување на тоа што го имаме ветено во овој крај, дека во целост и навреме ќе ги поддржиме лозарите и другите земјоделци. Исплаќањето на субвенциите оди според предвидената динамика, така и ќе прoдолжи. Тоа што сме го зацртале и што сме го ветиле, ќе го оствариме и го остваруваме досега, напомена Груевски.

За растителното производство, додаде, вкупно ќе бидат исплатени 850 милиони денари.