Македонија

Груевски го прекинува летниот одмор, се враќа во Македонија поради настанатата ситуација

Груевски го прекинува летниот одмор, се враќа во Македонија поради настанатата ситуација

Поради настанатата ситуација со силното невреме кое го зафати скопскиот регион вчера, а кое според последните информации однесе 20 животи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го прекинува летниот одмор и се враќа во земјава, дознава КУРИР.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ го прекинува летниот одмор во Турција и се враќа во Македонија со цел да помогне во справување со тешките последици од невремето кое вчера ја зафати Македонија од досега невидени размери.

Предвидено е веднаш по пристигнувањето Груевски да се упати на најкритичните места погодени од поплавите и директно на терен да ја согледа ситуацијата.

Вицепремиерот Тодоров денеска изјави дека договорено е да се отпочне веднаш со правење на комисии за проценка на штетата од невремето.  Тодоров потенцираше дека ќе предложат до Владата прогласување на кризна состојба во траење од 15 дена во скопскиот и тетовскиот регион.

Според информациите Владата закажала вонредна седница во 16:30 часот, по што се очекува да биде прогласена кризна состојба.