Груевски го распрсна мрачното сценарио на Заев за назадување на Македонија

Деструктивното сценариото на опозицискиот лидер Зоран Заев нема да ги даде посакуваните резултати. Познавачите на состојбите сметаат дека со вовлекување на пријателски земји како Кина и Израел целта на Заев му е изолирање, укочување на економскиот раст и развој на земјава, како и прекинување на безбедносната соработка.

Кина преку нивната државна компанија гради проекти тешки неколку милијарди во регионот, а Израел преставува еден од најсигурните и напредни партнери во областа на безбедносната соработка. Намерата на Заев е на овој начин со конфронтирање и деградирање на односите да се предизвика и уште поголема криза и државата економски и политички да назадува.

Ваквите намери на Заев вчера од Тетово ги распрсна премиерот Никола Груевски, кој порача дека соработката со Кина и со Израел проодлжува и понатаму и нема да се прекине соработката со азиската земја за инфраструктурните проекти, како и безбедносната соработка со израелската држава.

-Ја обвини кинеската држава, значи Народна Република Кина, дека преку нивната државна компанија со која градат проекти на Балканот, но и секаде низ светот кои чинат тешки милијарди, …е токму нив, ги обвини дека влегле во коруптивна зделка со македонската влада. Значи ај нас што не плука и што му дозволуваме овде на неговите комплекси и фрустрации да ни се качува на глава, туку сега и Кинезите се виновни, па ги загрозува односите со една од најголемите светски сили и постојани членки на советот за безбедност, која не има признаено под нашето уставно име и со која нашата држава има беспрекорни, пријателски, одлични односи, и многу заеднички локални и регионални проекти. Значи, за да биде јасно, во првиот случај со народна република кина, се работи за договори за најголемите проекти кои ги правиме заедно со нив, автопатите за процес на преговарање кој  процес ни овозможи да имаме меѓу најниските цени на чинење на автопат во Европа, и уште еднаш ќе порачам и на овој експертот за делење тендери на браќата, бртучедите, стините и чичковците,  но и на неговите налогодавачи, Македонија ќе ги продолжи проектите со Кина, затоа што тие се за доброто на Македонија, и ние како влада, ќе  продолжиме генерално со проекти кои значат изградба на нова инфраструктура и подобри услови за живот на граѓаните. Ќе го градиме и автопатот Гостивар- Кичево и Македонија ќе се развива колку што може со сиот наш напор, порача Груевски од Тетово.