Груевски: Годинава очекуваме 25 компании да ги објават своите инвестиции

Минатата година 23 странски компании донеле одлуки да инвестираат во Македонија, за оваа година се очекува нови 25 компании да ги објават своите инвестиции.

Премиерот Никола Груевски за време на неговото гостување во емисијата „Јади бурек“ посочи дека  за некои од најавените инвестиции веќе се потпишани договорите, а дел од нив веќе почнале и да ги градат своите капацитети.

Како такви го спомена компанијата Маркарт во Велес која овори 600 нови работни места, КСС кои завчера го потпишаа договорот планираат 800 вработувања, ОДВ Електрик-1.000 луѓе, Костал-1.000 луѓе, Амфенол кои планираат 2.000 вработувања, како и компанијата Антура која ќе инвестира во Кочани и се занимава со производство на семиња за цвеќиња.

-Оваа компанија кога дојде беше заинтересирана да инвестира во Струмица но не добија најдобар прием и се префрлија во Кочани, нагласи премиерот Груевски.

Од странските инвестиции досега се отворени 13.000 директни нови работни места, а од новонајавените се очекуваат уште 15.000 нови вработувања.

-За оваа година, очекуваме околу 25 нови компании да објават инвестици, некои може годинава и да почнат да гарадт, а некои ќе почнат со градба идната година, потенцираше Груевски.

Тој нагласи дека најзначајната фаза од странските инвестиции е да ја објават инвестицијата, додавајќи дека ретско се случува некој да се откаже од истата.