Груевски гостин во емисијата „Јади бурек“

Премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва ќе биде гостин во емисијата на Јанко Илковски „Јади Бурек“ на Сител 3 Телевизија.

Во емисијата Груевски ќе зборува за претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори, а во исто време ќе одговара на прашања во врска со  проектите од новата програма со која ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на претстојните избори.