Македонија,Економија

Груевски: Градбата на автопатиштата е силен импулс за економијата

Груевски: Градбата на автопатиштата е силен импулс за економијата

Градбата на автопатиштата во Македонија е силен импулс на македонската економија. Во овој момет се градат три автопатишта, пишува порталот „Курир“. Еден е од Демир Капија кон Гевгелија , вториот од Скопје кон Штип и третиот од Кичево кон Охрид, а истовремено се гради експресен пат Велес- Кадирфаково, односно се проширува од две на 4 ленти и се реконструира темелно патот Велес-Скопје.Сето ова е една сложена операција во која што се инвестираат околу 860 милиони евра, истакна денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Груевски потенцираше дека во изградбата на овие автопатишта во моментот се ангажирани околу 760 работници, а планот е наскоро да се дојде до 2200 работеници, а тоа се 2200 семејстава.

-Освен што се работи на долгорочно решавање на проблемот со патиштата и автопатишата во еден период додека тие се градат се решава и проблемот на вработување на голем број на семејства. Значи во моментов 760, но стапката е прогресирачка и според плановите ќе стигнат до 2200 работници. Се наоѓаме во една силна инвестициона активност која што продуцира вработувања, нови автопатишат, нови експресни патишта, реконструкција на голем декл од дотраените патишта, раст на БДП, работа на градежната индустрија и многу други индистрии кои се поврзани со градежната. Имаме силна активност која влијае и на растот на економијата и на вработеноста, истакна Груевски.