Македонија,Економија

Груевски: Градежните работи на автопатот Миладиновци-Штип се одвиваат одлично

Груевски: Градежните работи на автопатот Миладиновци-Штип се одвиваат одлично

Премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски извршија увид во градежните работи на автопатот Миладиновци -Штип (Гоце Делев).

Градежните работи се одвиваат одлично, за речиси пет месеци работа пробиени се 43 проценти од трасата на која во моментов работат 260 работници и 136 градежни машини. Кон крајот на август овие бројки ќе се дуплираат, истакна Груевски.

Тој посочи дека во моментов се градат три автопати, а вредноста на Миладиновци-Штип изнесува 206 милиони евра и истиот терба да биде готов за три години.

Автопатот Миладиновци – Штип ќе биде со должина од 47 километри и ширина од 29 метри, со по две коловозни ленти во двата правци и една дополнителна лента за застанување. Долж автопатот предвидено е да се изградат 8 натпатници и 5 потпатници.

Помеѓу двата коловози ќе има и 4 метри заштитно зеленило и систем за зафаќање на атмосферски води од коловозот.