Груевски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги исполнуваат ветувањата

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период имаат реализирано 10.359 проекти.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е задоволен од нивната работа и посочува дека градоначалниците исполниле најголем дел од ветувањата дадени пред граѓаните.

Тој вели дека се направени крупни инвестиции, меѓу кои ги издвои реконструкцијата на 2.000 улици во вкупна должина од 1700 километри.

Додаде дека е изградена 700 километри водоводна и канализациона мрежа.

-Овие проекти се резултат на многу посветена работа на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, за да го остварат она што го ветиле на граѓаните. Граѓаните тоа ќе го поздрават на 15 октомври, подвлече Груевски кој денеска е во посета на општина Илинден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.