Груевски: Граѓаните можат да споредат како било во времето на СДСМ и како е сега

Во новогодишното интервју на премиерот Никола Груевски дадено за Македонската телевизија, првиот човек на Владата се осврна на многу прашања кои се однесуваат на внатрешната и надворешната политика, економијата, демографските проблеми, проблемот со името со Грција, членството во ЕУ и НАТО.

Запрашан што го смета за успех, а што за неуспех за врема на неговото владеење премиерот изјави дека и покрај европската криза како држава сме ниско задолжени, невработеноста е намалена, а и Владата вложила максимум напори да донесе странски инветстироти за да се отворат нови работни места. Како неуспех го смета што малку подолго време не преземале мерки во врска со ликвидноста на буџетот.

Премиерот ја оцени државата како место во која Владата дава максимум да го подигне квалитетот на животот, стандардот на живеење и земја пред која стојат голем број предизвици.

Запрашан за постојаните критики од опозицијата дека сме држава во која назадува концептот на демократијата премиерот одговори:

„Овие информации ги шират луѓе кои во 90-те години биле на позиции. Време во кое имаше малку медиуми и кога имаше најразлични форми на притисоци.Тие луѓе се главни гласноговорници дека нема демократија. Луѓето споредуваат како било кога СДСМ биле на власт и каков бил односот кон медиумите тогаш и каков е сега.Можеби има слабости,но сме подобри од нив,“ изјави премиерот.

Во врска со обвинувањата на опозицијата дека е создаден амбиент во кој луѓето се плашат јавно да проговорат за многу прашања и дека луѓето се поделени на предавници и патриоти, премиерот изјави дека тој лично никого не нарекол предвник, и дека за време на трибините секој може да праша што сака. А, од граѓаните добиваат различни прашања, критикуваат и прашуваат она што ги засега.

Груевски истакна дека и покрај обвинувањата од позицијата дека во државата постојат политички затвореници, тие тврдења според него се неточни, бидејќи оние кои се во затвор сториле кривични дела докажани со факти потврдени од Судот. Овие обвинувања од позицијата, според него се политичка манипулација на дневна основа.

Запрашан за случајот Кежаровски, премиерот истакна дека лично не му е пријатно дека е на власт во држава во која новинар е во притвор, но дека не можат да се избегнат законите кои се однесуваат на откривање на заштитен сведок.Сепак, остави Судот да истражи до крај.

Во однос на отсуството на дебати со политичките противници Груевски одговори дека таквата практика први ја започнале СДСМ иако имало и ситуации кога заради избегнување на користење на валкани методи од страна на опозицијата и тие одбивале дебати. Што не значи дека во иднина нема да има такви дуели на медиумите со опозицијата.

Соработката со коалицискиот партнер ДУИ ја оцени како стабилна односно дека имаат дијалог и наоѓаат решенија.

„Не криеме дека меѓу нас постојат разлики, но често се среќаваме, зборуваме и наоѓаме решенија. Имаме различни мислења по многу прашања, но не сме дошле во ситуација за растурање на коалицијата,“ одговори премиерот.

Во врска со спорот со името , премиерот истакна дека преговорите ќе продолжат кога ќе има предлог од Нимиц, бидејќи и покрај инсиститирањето за дијалог со грчката влада, оттаму не наидуваат на никаков одговор. Груевски потенцираше дека имаат своја платформа и стратегија, и доколку има некаква понуда од Нимиц за решение за името, истата ќе биде ставена на рефендум.

Во однос на недостаток на политички консензус по ова прашање, премиерот ја обвини опозицијата која ја оцени како нестабилна во однос на ставот за името и која постојано ги менува своите ставови.

„Градењето на национален консензус по ова прашање не е лесно, бидејќи опозицијата на ова прашање гледа како на дневно политичко, а не стратешки,“ оцени Груевски.

Запрашан дали ќе има предвремни парламентарни избори, премиерот изјави дека не може ниту да потврди, ниту да отфрли.Имено, ако се доведе во прашање легитимитот на работењето на оваа влада,тогаш тие се подготвени да излезат на избори.

Во однос на понудата во програмата на Заев, тој изјави дека најголемо мерило е ветеното и оствареното. Според премиерот оваа Влада се што ветила исполнила, па и повеќе од тоа. Додека, кога СДСМ беше на власт, голем дел од ветувањата не беа остварени.

„Граѓаните треба да се прашаат, дали СДСМ се што ветиле оствариле. Ние секогаш сме биле почкрти во однос на ветувањата, а сме остварувале повеќе.Како да му веруваат на човек кој доаѓа од партија која многупати разочарала, тежината потекнува од она што се ветило, а што се остварило. Важно е перцепцијата кај мнозинството да остане иста, но и ние да останеме во близок контакт со граѓаните,“ изјави премиерот.

Во однос на претседателскиот кандидат што ВМРО ДПМНЕ ќе го предложи за претседател, Груевски изјави дека ќе се знае во јануари односно ќе се запазат законските рокови. Претходно ќе се водат дебати во партијата за тоа кое име ќе се исфрли.

Новата година, премиерот ќе ја дочека дома со најблиските како и претходните години до сега.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.