Груевски: Граѓаните не познаваат кои сме и какви сме

При обликување на претставата за сите нас, граѓаните не анализираат, гледаат. Гледаат како се однесуваме, како работиме, дали правиме добро или лошо. Ѓраѓаните не познаваат долго време, многу долго и имаат јасна сликашто можеме да направиме, а што не. Што е израз на нервоза, лутина, вербални навреди, а што е суштина на нашите карактери. Ние сме сепак само луѓе со сите наши слабости и со сите наши маани. Ова на денешната прес конференција го истакна премиерот Никола Груевски,

– Во изминатиот период главна задача која си ја задава опозицијата е да не направи монструми, да не направи нечовечни. И морам да признаам дека советниците од страна добро ги советувале како да тргнат, рече тој.

Потенцира дека целта на опозицијата е  да мобилизираат народ кој треба да им поверува на овие нивни клевети и конструкции и да почнат со протести, па да продолжат со пуштање креирани снимки, па протести, веројатно и некое насилство.

– Граѓаните нè познаваат кои сме и какви сме, со нив сме речиси девет години, и ни ги знаат нашите маани и нашите доблести, граѓаните знаат што можеме и имаме срце и што не можеме да направиме. Второ од секој граѓанин зависи колку долго ова ќе трае и колку ќе го окупира нивното и нашето внимание. Нашиот план е да се бориме против ова што и се случува на нашата држава, да се бориме со аргументи и факти, со нашето вистинско лице, а тоа е она кое граѓаните го познаваат сите овие години. Ние сме истите тие кои ги зголемуваат платите, пензии, и социјалната помош, кои трчаа по светот по инвеститори и придонесуваа за отворање на нови работни места, кои прават програми за самовработување, градат патишта, болници, кои инвестираат во здравството, сакаат да поправат нешто во образованието, истите кои даваат бесплатни учебници, нови автобуси, булевари. Ние сме истите тие кои работеа и се уште работат со полна пареа на реалните проблеми, со наша програма и ветувања зад кои стоиме. Мнозинството граѓани гласаа за нас во континуитет речиси двет години, посочи Груевски.

Тој им порача на граѓаните дека важен е реалниот живот, реалните потреби на сите граѓани и кој може да одговори на тие потреби и кој може да понуди решение за проблемите на граѓаните.

-Кој може да обезбеди нови работи места. Ние работиме за граѓаните, деструкцијата и валканата кампања нека ја тераат тие и нека тонат во својата безидејност,  потенцираше премиерот Груевски.