Груевски: Граѓаните знаат дека сме тимот кој носи напредок

Груевски: Кризната состојба е за да се регулира неконтролираниот влез на мигранти
Груевски: Кризната состојба е за да се регулира неконтролираниот влез на мигранти

Граѓаните треба да бидат спокојни, тие не познаваат во изминатите девет години преку работата и делата, преку одлуките и решенијата и преку испорачаното од наша страна на дадените ветувања. Ова го посочи премиерот Никола Груевски на прес-конференцијата по постигнатиот договор.

– Јас знам дека мнозинството граѓани повторно во април ќе ни ја дадат поддршката и тоа ќе биде историска поддршка и историска победа, затоа што никогаш не ги изневеривме и затоа што знаат дека тоа е тимот кој носи напредок и успех за Македонија, кој носи нови работни места, инвестиции, поголеми пензии и плати, земјоделски субвенции, стабилност во државата и европска и евроатлантска перспектива, рече Груевски.