Македонија

Груевски: Грција ја злоупотребува финасиската криза да не се реши спорот името

Груевски: Грција ја злоупотребува финасиската криза да не се реши спорот името

Премиерот Никола Груевски на партиска трибина синоќа во Штип потенцирше дека Г рција ја користи економската криза за да не се реши прашањето со името, но тоа не значи дека Македонија треба да ги распродаде своите национални вредности.

„Ќе се бориме за решавање на проблемот, но со отворени очи, а народот е тој што ќе го каже последниот збор“, изјави премиерот.

И по петтата препорака на Европската комисија за почеток на преговори, Македонија и на престојниот самит на Европската унија нема да добие датум за почеток на преговорите.

Грција најави нова блокада, но изостанува и поддршката од Бугарија.

Шефот на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин вчера на средбата во Софија на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски му повторил дека без потпишан договор за добрососедство, Македонија не може да смета на поддршка од Бугарија.