Груевски и Иванов на свечена академија за Денот на Европа и победата над фашизмот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска присуствуваше на свечена академија по повод 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот.

Свечената академија се одржи во Македонскиот Народен Театар.

На Академијата говор одржа претседателот на Република Македонија, а присуствуваа неколку министри од македонската Влада.

Иванов рече дека идната година се навршуваат 10 години од кандидатскиот статус на Република Македонија, години, како што посочи, со реформи, работа и цврста увереност во европската индина на Македонија.

– Македонските граѓани очекуваат до 10-годишнината од кандидатскиот статус Република Македонија да ги има почнато преговорите за членство во Унијата. Градејќи ја Европа во Македонија, сакаме Македонија да биде во Европа, порача Иванов.

mnt-ivanovv

Според него Македонија како европска држава се однесува европски. – Очекуваме, додаде, и ЕУ кон Македонија да се однесува европски, да опстои на своите основни принципи: мирот, демократијата, владеењето на правото, човековите права, правото на самоидентификација и човечкото достоинство. Принципи во кои ја гледаме причината и смислата на нашата евроинтеграција.

Посочувајќи дека на 9 Мај го славиме Денот на Европа, рече дека некои се уште го злоупотребуваат ветото за да ја спречат европската иднина на Македонија. – На 9 Мај ја славиме победата над фашизмот и нацизмот. Но овие погубни идеологии се уште живеат во затворените и заматените умови на поединци кои сеат ксенофобија, нетрпеливост и омраза кон поинаквите, рече Иванов додавајќи дека нас не загрижуваат ненаучените лекции од 20. век.

mnttt

Со голем број настани во Република Македонија денес достоинствено беше одбележан 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Државните институции, претседателот на Републиката и Владата, невладините организации организираа поголем број манифестации по повод одбележување на овие два големи настани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.