Груевски и Спасов ја пуштија во употреба градинката во Јегуновце која Ременски ја кочеше 6 месеци

Во општина Јегуновце денеска е отворена нова градинка во која ќе може да се сместат педесетина деца.

Објектот се протега на површина од околу 200 метри квадратни, а за него се инвестирани околу 5 милиони денари. Станува збор за објект кој е готов веќе шест месеци, но поради кочење на процедурите од страна на поранешната министерка Ременски од СДСМ, досега не беше отворен.

Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој денеска заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски присуствуваше на отворањето на објектот, се работи за кочење на процедурите поради немање волја.

Отворена нова детска градинка во Јегуновце
Отворена нова детска градинка во Јегуновце

Процедурите се кочеа, но кога се има волја, се може да се заврши, така што сега за три дена Општината свика совет и ги завршивме процедурите. Од утре децата од стариот објект може да се префрлат во новата градинка, рече Спасов, потенцирајќи дека родителите неколкупати досега апелирале до поранешната техничка министерка за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски да се отвори градинката.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека се работи за деструктивно однесување на министер кој наместо да создаде и да отвори нешто, ги кочи процедурите.

Груевски на отвараење на нова детска градинка во Јегуновце
Груевски на отвараење на нова детска градинка во Јегуновце

Досега се отворени 46 градинки, а само годинава четири. Министерот Спасов очекува дека до крајот на годината ќе бидат отворени 12 до 13 градинки со што ќе се надмине планираниот годишен план од десет градинки.

Тој нагласи дека со отворањето на градинките расте и процентот на деца кои се згрижуваат па така, за разлика од порано кога во градинките се запишувале околу 15.000 деца, сега се згрижуваат околу 40.000 деца.

Процентот од година во година расте. Така, процентот кај деца од нула до шест година во 2006 година беше околу 9, а сега е околу 26 проценти. Кај децата од три до 6 години процентот во 2006 година беше околу 12, а сега е над 38 проценти, истакна Спасов, додавајќи дека интенцијата на Министерството е да се градат градинки не само во големите градови, туку и во руралните средини, бидејќи има потреба од нив со отворањето на нови работни места за родителите, рече Спасов.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски забележа дека порано главно интерес за отворање градинки од страна на граѓаните имало во Скопје, но оти сега и жителите на помалите места бараат да се отворат градинки за да ги згрижат своите деца.

Отворена нова детска градинка во Јегуновце
Отворена нова детска градинка во Јегуновце

Порано главно во Скопје имаше интерес, а сега и во помалите места се создава култура децата да се праќаат во градинка заради социјализација и тоа е добро, оцени Груевски, додавајќи дека во конкретната градинка во Јегуновце е добро што ќе бидат згрижени деца од различна етничка припадност и што од мали ќе се учат на соживот.

Отворена нова детска градинка во Јегуновце
Отворена нова детска градинка во Јегуновце

Во општина Јегуновце покрај новоотворената градинка се планира уште еден објект да се преадаптира за згрижување деца од предучилишнна возраст во Прељубиште и да се преадаптира интернатот во Вратница.