Груевски и Тодоров ќе ја посетат Поликлиниката „Букурешт“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров, денеска ќе остварат посета на Поликлиниката „Букурешт“ (Здравствен дом-Скопје), по повод завршената комплетна реконструкција, изведена во рамки на Проектот на Владата и Министерството за здравство за реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи.

Почетокот на настанот е предвиден за 14:00 часот.