Груевски: Им честитам на АРМ и полицијата за однесувањето на јужната граница

Одлуката да се постави ограда на нашата јужна државна граница е донесена како резултат на проценка на ризиците на стручни лица и е дел од заклучоците на советот за безбедност, истакна денеска премиерот Груевски кој додаде дека нејзина основна цел не е да попречува, туку да го насочува и канализира протокот на бегалците кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман.

-Нашата граница е отворена и во неа може да влезат сите оние бегалци кои доаѓаат од земји кои се зафатени со воен конфликт, истите оние категории кои се пропуштаат за влез во земјите во ЕУ. Тој чин е направен согласно сите стандарди и јас би сакал да и честитам на Армијата на Република Македонија заради добро извршената работа која е во интерес на сите граѓани. Би сакал да дадам и признание за македонската полиција која со соодветна и пропорционална активност одолева на сите ризици и безбедносни закани и на високо и професионално ниво ја врши својата задача на јужната граница, рече Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.