среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 49

Груевски им ги одзема сите аргументи на СДСМ да избегаат од избори

ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите услови на СДСМ само за да не даде уште едно алиби за одложување на изборите, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред да ги напушти преговорите.

gruevski-pregovori-31-avgust

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите услови на СДСМ само за да не даде уште едно алиби за одложување на изборите, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред да ги напушти преговорите.

Груевски појасни дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да потпише се што ќе договорат останатите три партии и нагласи дека остава СДСМ, ДУИ и ДПА да се договорат за петтиот член на ад-хок комисијата.

СДСМ не сака решение во МТВ кое што е независно или непристрасно, туку сакаат партиско решение, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во изјава за медиумите.

Тие ја предложија Санта Агирова, поранешен шеф на кабинет на Илинка Митрева, поранешен министер за надворешни работи на СДСМ, како и потпретседател на СДСМ во годините наназад, додаде тој.  А според информациите и член на „шарена револуција“ со што има прилично изразено политичко мислење и став и со тоа се покажа дека практично целта на СДСМ не е да има некоја непристрасна, личност која навистина ќе биде неутрална и нема да припаѓа на едната или на другата страна туку едноставно сака партиско решение, рече Груевски.

За да не им даваме можност повторно да избегнуваат избори и тоа да им биде причината да ги одложат или избегнат ние им го прифаќаме тоа решение и сега им го соопштивме тоа. Втората работа е поврзана со прашање кое што го отворија и е поврзано со методологијата која е очигледно втората точка на која сакаат да ги одолговлекуваат работите ние им го потфативме и тоа. Каква сакаат таква ќе ја прифатиме, а кажаа што сакаат и тоа им го прифаќаме. Така што елиминираме уште една можност за да ги одолговлекуваат изборите. Третата работа е поврзана со петтиот член на ад хок телото кое согласно претходниот договор треба да биде лице од албанска националност и тука нашата позиција е дека оставаме албанските партии и СДСМ тие да постигнат согласност, како ќе се договорат, тоа лице ние ќе го прифатиме. И сакаме да не им помогнеме во било каква нивна намера да најдат алиби или изговор за одлагање на изборите на 11-ти декември, самоуверено соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Најчитани вести