Груевски им го честита на Евреите празникот Ханука

Во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, премиерот Груевски  на сите припадници на Еврејската заедница во Република Македонија, им упати најсрдечни честитки по повод големиот Еврејски празник Ханука.

„Еврејската заедница е почитуван сегмент од нашето општество и со нејзиното дејствување придонесува во заедничките вредности кои не сплотуваат, и се нашата заедничка уникатност и предност. Заедно почитувајќи се ние оставаме и трајна вредност на генерациите кои доаѓаат. Празнувањето на овој важен ден на Вашата заедница е симбол и потсетник на човековата истрајност и нескршливоста на духот на една заедница. Важноста на секој човечки живот е непроценлива, а сеќавањето на секој загубен живот е безвременско. Од тука, да се почитува човековиот живот и правото на другиот да опстојува, да живее, да твори и напредува во мир и слобода, претставува еден од најважните човекови принципи. Токму затоа, овој празник, нека бидe вечен потсетник за сите народи во светот за значењето и важноста на слободата во животот на човекот. Ви посакувам среќни празнични денови и Ве поздравувам со традиционалниот поздрав, ХАНУАКАХ САМЕАХ“, се вели во честитката од премиерот до претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.