Груевски им подари пакетчиња на децата од Домот за деца без родители 11 Откомври и СОС детското село (ФОТО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вчера  беше во посета на дечињата од Домот за деца без родители 11 Октомври и СОС детското село каде им подели новогодишни пакетчиња и други пригодни подароци во пресрет на новата година.

– Сакам да ви ја честитам Новата 2017-та година и да ви посакам здравје и успех. Се надевам дека во Новата 2017 година не само што ќе бидете поголеми, туку ќе бидете помудри и многу посреќни, им порача  Груевски на дечињата.

deca-1

Дечињата со насмевки на лицето изведоа пригодна програма и им врачија подароци изработени од нивните раце во рамките на креативните работилници во установите.

deca-6

deca-5

deca-3

deca-2