Груевски им подари пакетчиња на децата од домот „11-ти Октомври“

Премиерот Никола Груевски и заменик министерот за труд и социјалнта политка Диме Спасов денеска беа во посета на Домот  на деца без родители „11 Октомври“ во Скопје каде им доделија новогодишни пакетчиња на децата.

gruevski-dom-deca-2

Сакам да ви ја честитам Новата 2016 година и да ви посакам здравје и успех. Се надевам дека во Новата 2016 година не само што ќе бидете поголеми, туку ќе бидете помудри и многу посреќни, им порача премиерот Груевски на дечињата.

gruevski-dom-deca-3

Децата изведоа пригодна програма за премиерот и за заменик министерот и им врачија поклони изработени од нивните раце во рамките на креативните работилници во Домот.

Инаку, заменик министерот Диме Спасов нагласи дека владата изминатиот период реализираше низа на проекти кои што се во интерес на децата без родители и родителска грижа.

Оваа година се големи паричниот надоместок за загрижувачките семејства, кои што се најблиски до биолошките и кои што згрижуваат голем број на деца без родители. Паричниот надоместок е зголемен за 25%. Почнувајќи од јули месец оваа година Владата на Р.Македонија издвои дополнителни 12 милиони денари, подвлече Спасов.

Порано паричниот надоместок за загрижувачките семејства  изнесуваше од 6.500до 8.500 денари месечно, сега изнесува од 8.000 до 10.500 денари.

Продолжуваме со реализација на проектот Д10 за вработување на деца без родители во државната и во јавната администрација. До сега околу 143 деца се вработија. Продолжуваме и со доделувањето на државни станови на оваа категорија на лица кои што во минатото биле со статус деца без родители. Околу 163 станови се доделија и исто така секое дете кое што е запишано на редовни студии им а право на парична помош од 24.000 месечно, додаде тој.

Спасов подвлече дека и во иднина ќе се продолжи со оваа практика, на реализација на проекти кои што се во интерес на подобрување на животот на децата без родители и на оние лица кои што имале ваков статус во минатото.