Груевски: Имаме концепт за развој на секое место

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната Политичка академија која ја организираа германската фондација „Кондар Аденауер“ и институтот „Павел Шатев“, се обрати до кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе ја имаат одговорноста да го спроведат она што го има во програмите на ВМРО-ДПМЕ.

„Најголемите резултати во животот најчесто се постигнуваат со едноставни средства и искажување вообичаени одлики. Имајте доверба во себе, затоа што ќе ја имате довербата од народот, ветувајте во она во што сте сигурни дека ќе го направите, така ќе ја имате самодовербата и довербата од народот подоцна. Како што Ганди велеше ‘Бидете промената која сакате да ја видите’. Ние, никогаш не ветуваме дека ќе решиме сѐ, свесни сме дека има уште многу работа, и ние знаеме како натаму, граѓаните со нас се на сигурно“, порача Груевски.

Напомена дека нивните противници ќе ветуваат чуда и волшебни решенија, бидејќи тие немаат друг избор и немаат образ да останат на зборот, а тоа го покажале во минатото безброј пати и само во последните три месеца „триесет пати“ го смениле зборот, го погазија кажаното, се демантираа, потенцираше Груевски.

„Кога на национално ниво ветуваа, а не остваруваа, тоа ќе биде пресликано и на локално ниво. Народот е мудар и знае да разликува што е реално и остварливо, а што не е. И уште поважно, народот знае кој држи до зборот а кој не, кога ќе ветиме остваруваме. Ние оставаме за нас да говорат делата кои се гледаат, чувствуваат, посетуваат, користат, кои помагаат“, рече Груевски.

На кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ им порача дека ги чека тешка и одговорна работа.

„За секој град за секоја општина ќе имаме конкретна програма. Таа програма ќе биде концептот за развој на секое место на живеење. Конкретни и одмерени проекти кои ќе бидат реализирани, а ве уверувам дека секој од градоначалниците ќе ја има мојата поддршка, но и мојот притисок секое ветување да биде остварено. Приоритет ќе биде развој на локалната економија. Поддршка на компаниите и овозможување на подобри услови за стопанисување. Зајакнување и формирање на повеќе индустриски зони кои ќе обезбедат повеќе приходи и повеќе работа за луѓето, тоа одлично тргна во претходниот мандат треба да продолжи. Секоја општина којашто ја нема треба да ја создаде индустриската зона, секоја општина којашто ја има, а се веќе распродадени локациите, треба или да ја прошири или да формира нова индустриска зона. Затоа што тоа е основната работа којашто е потребна на граѓаните на Република Македонија, нови работни места, кои не може да ги има ако еден градоначалник не обезбеди обезбеди услови во инфустриска зона“, додаде Груевски.

Кажа дека економската приказна која ја граделе долго и успешно на национално ниво која донела многу работни места, ќе ја пресликаат и на локално ниво.

„Економијата е нашиот прв приоритет“, потенцираше Груевски. „Ќе се инвестира и во градба на водоводи и канализациони системи. Поудобниот живот на граѓаните и решавањето на проблемите во секојдневието ќе биде задача на секој градоначалник. Градењето на нови паркови, игралишта и сали за младите исто така ќе биде дел од работата која ќе донесе подобар живот. Инвестициите во животната средина, создавање на зелени појаси исто така ќе биде дел од понудата. Најважно секој градоначалник потребно е да има отворен и одговорен однос спрема граѓаните, секогаш достапни, со чесен и искрен однос, рече Гуревски.

Порача дека покрај реализирањето на програмата, покрај исполнувањето на сѐ она што било ветено, исклучително значајно за секој граданочалник, не само во кампањата, потоа е да има соодветен и коректен однос со луѓето, да ги сослушува, да бара максимум начини да им помогне. Груевски кажа дека дури и во оние моменти кога нема да успее, а луѓето ќе увидат дека дава максимум од себе да се потруди да им помогне, граѓаните ќе го вреднуваат тоа.

„Затоа не заборавајте две работи: да го исполните ветеното и да останете на земја со луѓето, да не се возвишите и да помислите дека сега сте избрани, и дека готово е. Времето поминува, односот со луѓето е она што ќе се запомни, она што ќе ви биде важно, ќе ви биде пресудно на наредните избори. Во нас е одговорноста, бидејќи граѓаните во огромно мнозинство нам ни веруваат. Овие избори се одлука за секој еден граѓанин и за неговата иднина. За тоа кој има остварливи решенија на проблемите! Со ВМРО-ДПМЕ е сигурно. Секогаш со работливост, секогаш за инвестиции, секогаш за нови работни места, нови водоводи, подобар живот. Секогаш за Македонија“, порача Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.