сабота, 10 декември 2016  |  Вести денес: 21

Груевски: Имаме сериозна платформа за раст, развој на државната економија и нови работни места

rast-ekonomija

Поврзани вести

Јас на следните избори нема да губам време да се враќаме на старите политички препукувања и сплетки на опозицијата. Јас имам големи планови и сериозни платформи за државната економија, раст и развој, за опстојување на патот за отворање на нови работни места и инвестиции во сите области, рече премиерот Никола Груевски во своето обраќање до јавноста по повод временото повлекување.

Ќе презентирам детална програма за да се постигнат очекувањата кои ги имате од нас. И може да сметате на мене дека ќе го исполнам ветеното. Јас држам до мојот збор.

Другите може да се вплеткуваат во политика на лична деструкција. Во деструктивни и непродуктивни сценарија. Но, мојата програма е за тебе. За твоето семејство. За твојата работа. Твоите приходи и плати. И за изградбата на нашата земја како место во кое ќе може да се гледаат вашите надежи и соништа, рече Груевски.

Најчитани вести