Груевски: Имаме сила да се спротиставиме на сите предизвици

Кренете глава, Нека не ве заплашуваат со разни сценарија. Никој не им се плаши на нив!, порача премиерот Никола Груевски од големиот народен собир во Тетово.

-Имаме ние сила да се спротиставиме на сите предизвици, заеднички, сложно, со збиени редови…. Не е ова битка на живот или смрт. Не. Тоа тие сакаат да го претстават. Тоа е политичка битка за тоа во каква Маекдонија сакате да живеете, Ние имаме чиста и јасна понуда. Ние нудиме проекти и нови можности. На нас можете да се потпрете, порача Груевски.