Груевски: Имаме системски проблем со квалитетот на знаењето во образованието

Не е нормално интелектуалната елита да молчи на проблемите во образованието. Сакаме да испратиме порака за сите идни студенти дека на факултет се запишува за да се научи нешто, не за да се земе било каква диплома.  Ова го истакна премиерот Никола Груевски на дебатата за реформите во високото образование која се одржува во Собранието.

-Две пораки се важни од предложените закони: зголемување на знаењето на студентите и зголемување на ангажманот на професорите преку издавање на дела во реномирани меѓународни списанија и платформи. Има такви професори кои издаваат, но има и такви кои не вложуваат во издавање на дела. Ние сакаме професори кои ќе бидат меѓународни конкурентни, кои ке бидат актуелни со своите дела. Ние овозможуваме и финансираме во творење на дела и како држава го помагаме тоа, рече Груевски.

Премиерот во своето обраќање на дебатата рече дека Македонија мора својата иднина да ја гради врз база на знаењето.

-Имаме системски проблем со квалитетот на знаењето во образованието. Не сакам дипломите да станат предмет на цена. Ние немаме избор. Немаме природни ресурси како нафта и гас, образиванието мора да биде наш најсилен ресурс. Јас не мислам дека насите професори се неспособни. Свесно влеговме во ова за доброто на сите. На краток рок ќе се наруши комодитетот на могу луѓе, но на долг рок ќе даде резултати, рече Груевски.