Груевски: Имаме зголемување на извозот на земјоделски производи, но тој може да биде повисок

Потербни се повеќе откупно дистрибутивни центри за земјоделски производи, а тоа е нешто за што ќе мора да се погрижат министерот за земјоделство и неговиот заменик, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при своето обраќање на 15.Кумановски конгрес на владечката партија.

-Министерот за земјоделство и неговиот заменик, ако сакаат да го носат епитетот успешни, мора да најдат повеќе инвеститори кои ќе изградат големи откупно дистрибутивни центри за земјоделски производи, како што го најдовме и донесовме Агрокор во Струмица и Еипленд кој моментално гради во Ресен, од каде ќе откупува и извезува јаболки за блискиот и средниот исток. Членовите на тимот за инвестиции и промотерите мора да најдат начин да им помогнат во тоа, вели Груевски.

Тој потенцираше дека има зголемување на извозот на земјоделски производи, но како што додаде истиот може да се зголеми, но потребни се дополнителни напори и фокус во отворање на поголем број откупно дистрибутивни центри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.