Груевски – имате право да очекувате политичарите да го исполнат тоа што го ветиле

Другите може да се вплеткуваат во политика на лична деструкција. Во деструктивни и непродуктивни сценарија. Но, мојата програма е за тебе. За твоето семејство. За твојата работа. Твоите приходи и плати. И за изградбата на нашата земја како место во кое ќе може да се гледаат вашите надежи и соништа, рече премиерот Никола Груевски во своето обраќање до јавноста.

И конечно. Овој потег ја одбележува нашата заложба да се средуваат работите, да се опстојува на зборот. И вие имате право да го очекувате тоа од луѓето во политиката – посветено и верно да го исполнат тоа што го ветиле и што вие сте го побарале преку вашиот глас.

Изборите на 24ти април ќе го отргнат облакот на неизвеснот и ќе го заменат со нов и силен мандат. Со нов ветар во грб, кога сета оваа агонија која ја создадоа ќе биде зад нас, и ќе докажеме на сите дека Македонија е силна и отпорна, и дека никој не смее да го потценува нашиот народ, дека знае што сака и знае кого и зошто го поддржува. Тогаш Владата ќе ја води оваа држава напред во изградба на нашата економија и подобрување на стандардите и условите, рече тој.