Груевски: Инвестираме шест милиони евра повеќе во локални патишта

Шест милиони евра повеќе годинава се инвестираат во реконструкција или изградба на локални патишта. Според претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски овие средства приоритетно ќе бидат инвестирани во реконструкција на патишта во населените места погодени од поплавите, но предвид се земаат и локалните патишта за кои имало најголем број барања од граѓани.

„Досега една милијарда денари се инвестираше во овој дел, сега веќе се издвоени 22 милиони евра односно шест милиони повеќе од вообичаено кои што дополнително ќе се инвестираат прво во завршување на сите патишта во подрачјата погодени со поплавите до крајот на годината очекуваме да завршат целосно, на многу места кои досега не биле асфалтирани сега ќе бидат асфалтирани останатиот дел исто така ќе се инвестира во голем дел помали патишта кои што се на листата најбарани од граѓаните“, вели Груевски.

Груевски вели обврската за изградба и реконструкција на овие патишта има јавното претпријатие „Македонија пат“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.