Груевски: Инвестирани 470 милиони евра за патната инфраструктура во охридско-струшкиот регион

Околу 470 милиони евра се инвестирани во патната инфраструктура во охридско-струшкиот регион, информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Струга и струшко забележа дека главната инвестиција е во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, кој е во напредна фаза и треба да е готов до крајот на 2018 година.
– Се работи интензивно, ангажирани се огромен број работници, се пробива трасата и компаниите работат со полн ангажман на овој отприлика 50 – километарски автопат, рече Груевски.
gruevski poseta oh
Покрај овој автопат нагласи дека има и други крупни инвестиции во патната мрежа во овој регион како што е експресниот пат Охрид – Пештани и Требеништа
– Струга кои треба да почнат да се градат кон средината на следната година. Значајно е да се спомене и обиколницата во Вевчани за која за две недели ќе почне постапката за изнаоѓање изведувач и ќе се вложат 23 милиони денари, а ќе биде многу значајна за жителите на Вевчани, рече Груевски.