Груевски: Денес е историски ден за македонскиот железнички транспорт

Денес е историски ден за македонскиот железнички транспорт. Помината е цела една историја во која никој не се погрижил да набави нови возови за македонските граѓани.

Ова го посочи премиерот Никола Груевски во своето обраќање по повод пуштањето на новиот електромоторен воз.

Новиот воз, кој е еден од најмодерените во Европа, беше пуштен во употреба денес на Скопската железничка станица. На свеченоста присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, вицепремиерот на Република Македонија и министер за финансии, Зоран Ставрески, претставници на ЦРС и на МЖ Транспорт.

voz-nov-gr-5

Денес е историски ден за македонскиот железнички транспорт. Помината е цела една историја во која никој не се погрижил да набави нови возови за македонските граѓани. Жално е што ниту една влада не се сетила на македонски железници, на македонските патници и станици, а од друга страна горди сме што стартуваме со крупни проекти кои севкупно ќе го подобрат имиџот на железничкиот сообраќај во Република Македонија. На почетокот од оваа година ги пуштивме во употреба 150 нови транспортни вагони, инвестиција вредна 13,2 милиони евра. Ќе пристигнат уште пет нови возови, капитална инвестиција од околу 25 милиони евра, изјави премиерот Груевски.

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, истакна дека ова е еден од најсовремените возови, направен целосно според стандардите на Европската Унија.

Денеска ја испишувам историјата во Македонски железници. Децении и децении наназад чекавме кога по нашите пруги ќе возат модерни возови, што ги забележуваме во развиените земји. Од денеска македонските пруги ќе возат нови возови. Она што го ветивме пред граѓаните, го остваруваме, потенцираше Мисајловски.

Првиот од шесте набавени за потребите на патничкиот транспорт во Република Македонија, а целата инвестиција чини 25 милиони евра. Мисајловски истакна дека вториот воз ќе се испорача до крајот на оваа година, а останатите четири во првиот квартал од идната година.

Возот има…