Груевски: Денес е историски ден за македонскиот железнички транспорт

Возот има капацитет за околу 200 патници и е еден од најсовремените возови не само во Македонија, туку во цела Европа, направен согласно сите стандарди во Европската Унија.

Вицепремиерот на Република Македонија и министер за финансии, Зоран Ставрески, потенцираше дека новиот и модерен воз од денеска па натаму ќе овозможи да се модернизира возниот парк и Македонија да добие модерни возови кои во секој стандард потсетуваат по она што го гледаме во Европа и европските земји.

voz-nov-gr-1

Купувањето на овој воз е резултат на една крупна одлука што како Влада ја донесовме во 2012 година за започнување на голем инвестициски циклус во железницата кој вреди повеќе од 600 милиони евра и вклучува купување на нови возови и вагони, изградба на нови и реконструкција на постоечките пруги, рехабилитација и надградба на железничките станици и реновирање на халите за одржување на возовите, изјави Ставрески.

Завршува и самата модернизација на железничката станица во Скопје, инвестиција вредна 2,6 милиони евра од ЕУ и Буџетот на Република Македонија, а како што потсети министерот за транспорт и врски, во исто време се реконструираат уште 10 станици долж Коридорот 10, инвестиција од над 2 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.