Груевски: Изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со сопругата Боркица го оствари своето избирачко право.

„Денеска, барем до 15 часот додека јас го остварив моето гласачко право, изборите се одвиваат во една фер и демократска атмосфера, имаме мирни избори и се надевам и верувам дека така ќе остане до крајот на изборниот ден и дека ќе победи Македонија пред се,“ истакна Груевски во дадената изјава по гласањето.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ своето право на глас го оствари во избирачкото место 2662 во основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“.