Груевски: Изборот на претседател во Собранието е незаконско, нелегитимно, против уставно и против деловничко

Реакциите на меѓународната заедница за мене беа очекувани после снимките кои излегоа од собранието, излегоа снимки на кои секој би реагирал, тепаат пратеници и народ, меѓутоа кога ќе се погледнат добро фактите ќе се види дека она што се случи е незаконско, нелегално, против уставно и против деловничко да се избере претседател на собрание, изјави во петокот вечерта претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Топ-Тема на телевизија Телма.

Груевски го запраша и новинарот кој има искуство, по кој член од Деловникот се избира претседател на Собрание и како очекува некој да ,ако го погледне Деловникот да каже дека се било согласно Деловникот, Законот и Уставот.

„Тоа беше кршење на правото“, дециден беше Груевски.

На прашањето како ќе реагира кога ќе се сретне со меѓународната заедница одговори:

„Ќе ги прашаме и нив – кажете ни по кој член од Деловникот е избран за претседател Талат Џафери, владеењето на право треба да важи и во нивните земји и во нашата земја и треба да важи секаде и не може да важи секаде, а само за избор на претседател на Собрание да не важи, кога критична е ситуацијата“, рече Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.