Груевски: Изградбата на Стариот театар во Струмица готова до крајот на годината

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при посетата на Струмица најави дека изградбата на Стариот театар во Струмица треба да биде готова до крајот на декември.

Тој направи увид во досегашните градежни активности на објектот.

Инвестицијата чини 4 милиони евра, а станува збор за нов објект кој се гради врз темелите на претходно опожарениот театар.

– Стариот објект беше опожарен. Првин се мислеше дека можеби нешто ќе може да се реконструира, но експртите утврдија дека не е безбеден за реконструкција. Затоа се сруши и врз него се гради новиот театар. Ќе биде идентичен како и стариот. Ќе ќе има околу 300 седишта. На некои места ќе им застаклен дел каде што ќе може да се видат темелите на стариот теаатар за да се види дека тој театар не е сега изграден, дека Струмица има долга театарска традиција, театарот постоел и опстојувал долги години и дека овие луѓе знаат што е уметност и театар генерации и генерации наназад, ќе се зачува едно културно обележје, рече Груевски.

gruevski-star-teatr

gruevski-star-teatr2

gruevski-star-teatr4

Тој го посети објектот на Државниот архив во Струмица, кој од неодамна има и нова обновена фасада.

gruevski-strumica

– Објектот е изграден во 30-те години од минатиот век и имаше доста руинирана фасада. Министерството з акултура и владата преземаа мерки се вети во програмата и заврши реконструкцијата. Проектот е два милиони и 400 илјади денари, треба само да се направи дислокација на кабли на ЕВН, истакна Груевски.