Груевски: Изграден е патот до манастирот Трескавец

На денешниот голем народен собир на ВМРО – ДПМНЕ во Прилеп, лидерот на владејачката партија меѓу другото се осврна и на реализираните проекти во општината.

-Во овој период се изгради и патот до манастирот Трескавец, а во финална фаза е изградбата на  патот до манстирот Зрзе, проекти вредни околу 3 милиони евра,  а се инвестираат и 20 милиони евра за изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица во вредност од 20 милиони евра. Исто така преку Европската инвестициска банка се обезбедија пари за изградба на канализациона мрежа  за с. Канатларци и Горно Коњаре. Во моментов се градат 75 станови за социјалните семејства кои во јуни ќе им се обезбеди топол дом, истакна Груевски.

Тој потсети дека е изградена 150 километри водоводна мрежа и нови бунари.

-Решен е проблемот со водоснабдувањето. Инвестиравме 15 милиони евра за навек да немаме проблеми, рече Груевски.