Груевски: Изградивме 70 нови училишта и над 350 темелно реконструиравме

Груевски: Изградивме 70 нови училишта и над 350 темелно реконструиравме

Премиерот Никола Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото се осврна и на конкретните мерки и проекти што владата ги спровела на полето на образованието и воопшто за младите луѓе.

– Ставивме ред во студентските домови, и точни критериуми за прием, со огромни казни за раководството доколку ги прекрши.Вложивме 42 милиони евра и со нив изградивме 70 нови училишта а над 350 темелно ги реконструиравме, рече Груевски.

Исто така, нагласи дека изградени се над 80 нови спортски сали, 50 игралишта за голем фудбал, а се градат 120 тениски терени терени од кои околу половина се завршени, и 100 мултифункционални игралишта, од кои повеќе од половина се завршени.

– Се овозможи и градба на големи спортски сали за големи собирања како Борис Трајковски и Јане Сандански, но и националната арена Филип Втори Македонски. Се градеа и се градат станови за млади брачни парови по повластени цени. Се спроведе проект со кој во одредени денови младите луѓе имаат бесплатен пристап во културните институции и јавниот превоз со воз и со градски автобус. Паднаа акцизите и царините, па илјадници млади луѓе дојдоа до автомобил, рече Груевски. но, рече Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.