Македонија

Груевски: Изјавата на Меркел е очекувана, Грција одамна ни го оспорува идентитетот

Груевски: Изјавата на Меркел е очекувана, Грција одамна ни го оспорува идентитетот

Канцеларката Ангела Меркел вчера изјави дека проблемите со името и идентитот меѓу Македонија и Грција се товар за сите.

Премиерот Никола Груевски, коментирајќи ја оваа изјава вели дека на сите им е јасно, дека другата страна одамна, од самите почетоци го оспорува нашиот идентитет.

„Тоа беше докажано и со последната изјава на премиерот на нашиот јужен сосед. Тоа не би требало за нас да е нешто ново. ВМРО-ДПМНЕ нема да влезе во било какви иницијативи и идеи во кои ќе се оспори или доведе во прашање идентитетот на македонскиот народ, македонскиот јазик и нација“, рече Груевски.