Македонија

Груевски: Ја повикавме мајката на Нешковски на средба, демонстрантите го спречија тоа

Груевски: Ја повикавме мајката на Нешковски на средба, демонстрантите го спречија тоа

Мајката и братот на починатиот Мартин Нешковски вчера побараа средба во Владата на Република Македонија. Премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи веднаш донеле одлука да бидат примени на средба. За ова меѓу другото говореше премиерот Никола Груевски во изјавата за Канал 5.

-Министерката Јанкулоска веднаш издаде наредба до командирот на полицијата да ја отвори заштитната ограда за да може во Владата да влезе мајката на Нешковски. Но, тоа веднаш беше злоупотребено. Толпа народ сакаше да влезе и тоа не можеше да се реализира, рече Груевски.

Како втор проблем  кој премиерот го посочи е фактот што мајката на Нешковски побарала на таа средба да присуствуваат и медиуми, активисти и протестанти.

Според Груевски, тоа укажува на други намери и ако мајката навистина сакала да разговара со него или со Јанкулоска немало потреба од присуство на останатите.

фото: Телма