Груевски: Јавната дебата за реформите во образованието продолжува

Јавната дебата продолжува, а нови предлози може да се прифаќаат и во двете години кои остануваат до примената на законот за високо образование, истакна премиерот Никола Груевски во Дневникот на Сител. Тој е задоволен од денешната јавна расправа од која очекува да бидат усвоени повеќе предлози. Ја оцени како продуктивна и со многу предлози и

-Во 20 часот вечерва имаме состанок на кој ќе видиме што може да се преземе од денешните предлози од расправата со интеруниверзитетската конференција. Имаше предлог не една третина туку половина од испитите од трета да се полагаат без положен државен. Тоа веднаш го одобривме. Па ние за кого работиме? За студентите, за професорите, за сите, истакна Груевски.

Премиерот додаде дека ова е крупна реформа.

-Секогаш може да се најде нешто да се дополни за да биде подобро. До примената имаме уште 2 години. До тогаш веројатно ќе има и нови подобрувања. Јас реков денеска, идеите кои ќе дојдат сега ќе влезат во самиот текст, но и понатаму ќе има простор за промени.

Груевски вели дека јавната дебата трае веќе три месеци, а целта е да се слушнат и преземат сите добри и конструктивни предлози.

-По долга подготовка во октомври ја информиравме јавноста, а веднаш потоа и универзитетите. Министерот испрати писмо со информации. Ако не сакавме дебата тоа ќе го сторевме во декември. Сечие искуство, идеја и предлог е добредојден. Министерот за образование и заменикот со нивниот тим одеа од универзитет во универзитет. Ги чувме мислењата, доставија и на писмено ништо. Имаше денеска сериозна дебата. Имаше поддржувачи имаше и критика, се дава идеи, додаде Груевски.

Тој изрази жалење што дел од професорите одбија дебата иако и самите ја бараа.

-Мене ми е жал што токму оние професори кои најмногу се истакнаа во спротивставување на реформите предложени од Владата на крајот одбија да дебатираат… Отидов, ги замолив да дојдат, законот не е донесен, има можност за амандмани, за дебата, за се. Ништо не е завршено. Дури да се случи и дека нема можност за амандмани можеме и да го повлечеме па повторно да го вратиме во процедура ако има вистински аргументи. За жал тие не дојдоа и јавноста нека оцени колку се тие во право, колку сме ние, рече Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.