Груевски на поставување камен-темелник на ново училиште

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на поставување камен темелник на ново основното училиште, како и на пуштање на нова училишна зграда.

Груевски ќе присуствува на поставување камен темелник на основното училиште „Невена Ѓеоргиева Дуња“ во општина Кисела Вода.

Потоа премиерот Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба на нова училишна зграда на училиштето „Живко Брајковски“ во општина Бутел.

Започна новата учебна година

Започна новата учебна година
Започна новата учебна година

Денес и официјално започна новата учебна година. Од денес околу 275.000 основци и средношколци седнаа во училишните клупи. Годинава, за првпат во училиште тргнаа и околу 20.000 првачиња.

По повод отпочнувањето на новата учебна година министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми ќе го посети Основното училиште „Пашко Васа“ во село Групчин, општина Желино, а најавено е и присуство на поставувањето камен темелник на училиштето „Невена Ѓеоргиева Дуња“ во Кисела Вода.

Инаку, од вкупниот број ученици во земјата, околу 190.000 се основци и околу 85.000 средношколци.

Во Македонија има 105 средни и 337 основни училишта.