петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 58

Груевски: Ќе ја добиеме довербата затоа што само во Гостивар се отворија над 5000 нови работни места

nikola-gruevski-gostivar

Последни вести

Пензиите и платите ќе растат, минималната плата ќе расте секоја година. Ќе продолжиме со финансирање на иновации. Ќе обезбедиме и субвенционирање на греење со пелети. Предвидено е изградба на 579 социјални станови, 140 детски градинки и 600 милини евра за македонските земјоделци, се дел од проектите поради кои ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе ја добијат довербата на народот на 11 декември, порача вечерва од Гостивар лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Победата на 11 декември ќе дојде, рече Груевски, затоа што младите претприемачи кои влегуваат во земјоделски бизнис ќе ја добијат поддршката од Владата.

Како проект од програмата РЕАЛНО тој најави и рестартирање на стопански капацитети жртви на транзицијата при што со директни финансиски грантови од државата ќе се рестартираат пропаднатите капацитети жртви на транзицијата на СДСМ и повторно ќе се вработуваат многу луѓе.

Груевски посочи дека во новата програма има многу проекти кои ќе бидат пресудни за победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите.

-Ќе победиме затоа што предвидуваме нов проект рурални развојни зони, секој кој ќе инвестира во помалите места ќе биде ослободен 10 години од плаќање на данок и придонеси. Ќе ја добиеме довербата и за проектот „Од град во село за нов почеток“. За децата без родители и решавање на нивното станбено прашање, рече Груевски.

Тој посочи дека е убеден дека довербата ќе ја добијат и во Гостивар за тоа што се направени многу проекти за жителите досега, а најави дека со новата програма допрва ќе се реализираат.

Како поважни проекти за гостиварчани тој ги наброи реконструкцијата на регионален пат Тетово –Брвеница, реконструкција на мостови во вредност до 1 милион евра, поставување на патна сигнализација на патот Гостивар-Тетово, целосна реконструкција на инфективното одделение во Гостивар, набавка на  нова медицинска опрема, изградба на многу локални патишта, спортски игралишта, итн.

-Во период од 2007 до 2016 година преку најразлични политики и мерки како што се Македонија вработува, ослободување од плаќање на придонеси  и други мерки се отворија над 5000 работни места во Гостивар, потенцираше Груевски.

Најчитани вести