понеделник, 28 ноември 2016  |  Вести денес: 88

Груевски: Ќе се отворат нови 70.000 работни места во Македонија (ВИДЕО)

Пензиите и платите во јавниот сектор ќе пораснат за 10,25 отсто, социјалната помош во 4-годишниот период ќе порасне за 50 отсто, а минималнита плата до 14.000 денари, во делот на кожарската и текстилната до 13.500 денари до 2020, посочи Груевски.

gruevskiiii-640x449

Последни вести

Во новата програма се предвидуваат уште многу проекти. Се предвидува дека невработеноста ќе продолжи да опаѓа и од сегашните 24 отсто ќе се спушти помеѓу 17 и 18 проценти за 4 години, а ќе се отворат нови 70.000 работни места во Македонија.

Ова го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатската листата во четвртата изборна единица на вечерашниот митинг во Велес.

-Пензиите и платите во јавниот сектор ќе пораснат за 10,25 отсто, социјалната помош во 4-годишниот период ќе порасне за 50 отсто, а минималнита плата до 14.000 денари, во делот на кожарската и текстилната до 13.500 денари до 2020.

Подвлече и дека ќе се завршат започнатите градби на 3 автопати.

-Но ќе се започнат градби на уште 3 нови автопати во Македонија- од Гостивар до Кичево, од Скопје до Блаце и од Требениште до Струга.

Се предвидуваат нови 600 милиони евра за земјоделците, воведување на професионален земјоделски советник, како и други проекти кои ќе бидат од помош на земјоделството.

Модернизација на средното -стручно образование, градба на 18 нови и реконструкција на 140 училишта, нови 78 спортски сали, се само дел од проектите кои се предвидени во програмата „Реално“ од над 500 страни.

Најчитани вести