Груевски ќе се сретне со граѓаните од Кисела Вода

Груевски на терен. Премиерот денес ќе оствари средба со граѓаните на скопската општина Кисела Вода.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на општина Кисела Вода.

Во рамки на посетата планирано е премиерот да присуствува на пуштање во употреба на нов училишен објект во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.

Исто така се планира да оствари средба со жителите на село Припор, Усје, Пинтија, село Драчево.

Во Драчево, премиерот ќе изврши увид во градежните активности при изградба на единечен тениски терен во основното училиште „Кузман Шапкарев“ и ќе оствари средба со жителите на населбата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.