Груевски: Кичево нема да биде заборавено, ниту Тетово, Гостивар, Дебар…

Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, им се обрати на кичевчани и им вети дека тие нема да останат заборавени.

„Им се обраќам на кичевчани. Дојдов кај вас во најтешките моменти кога ми велеа дека не е момент да доаѓам поради високонаелектризираната атмосфера. Ветив дека нема да бидете заборавени и сами на себе. ВМРО е со вас,“ истакна Груевски.

Тој најави дека за два месеци ќе се започне со изградба на болница и ќе започнат со работа Тајмиште и Стогово по издадената концесија од Владата.

„Доаѓа и фабрика за вработување на 1.000 луѓе, плус индиректни вработувања. Се гради слободна индустриска зона кај Кичево, а ќе се ревитализира ТЕЦ Осломеј. Нема да застанеме тука, ни во Кичево, Струга, Гостивар, Долнени, Дебар, ни било каде во Македонија,“ вети премиерот.

Тој на сите жители на овие населени места им вети дека нема да бидат заборавени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.