Македонија,Политика

Груевски: Ќе бидат набавени 300.000 таблети за сите ученици

Груевски: Ќе бидат набавени 300.000 таблети за сите ученици

Учениците ќе добијат 300.000 таблети и нови интерактивни табли, кои ќе овозможат унапредување на образованието и поквалитетна настава.

Ова денеска го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како дел од програмата за претстојните избори.

„Осовременување на наставата и нови 300.000 таблети со тастатури за сите ученици во основно и средно образование во наредните 4 години. Ќе продолжи набавката на интерактивни табли за внесување нови дигитални содржини за поквалитетна настава. Продолжуваме со обезбедување на стипендии за студенти за највисоко рангираните 100 факултети, 200 во техничките науки,“ истакна Груевски.

Како дел од мерките за унапредување на образованието, Груевски го најави и спроведување на Кембриџ образовниот систем во Македонија.